25-10-2014 

СОНК ќе преговара со Кралев за екстерното оценување

од НОВА | објавено на: 20-05-2013 14:01:35

Раководството на Синидкатот на вработените во образованието, науката и културата ги дематира информациите дека ќе стапи во штрајк поради екстерното оценување.

Во изјава за НОВА претседателот на СОНК, Јаки Неделковски тврди дека не постои одлука за штрајк и дека раководството на синдикатот одлучило да стапи во преговори со Минстерството за образование во кои ќе ги зиложат нивните забелешки за начинот на кој се врши екстерното оценување. На преговорите СОНК ќе ги изложи следниве барања:

1. Министерството за образование и наука под итно, а најдоцна до 17-05-2013год. да ги повлече правилниците за начинот на проверување на објективноста на наставникот за основно и средно образование, објавени во Сл. Весник бр. 62 од 26-04-2013 год. се додека не бидат отстранети сите причини за револт на наставниците. (Потсетуваме на договорот на 9-та Седница на Советот на СОНК одржана во Струга, каде што беше договорено со министерот за образование и наука за заедничка активност при носење на закони или акти што се особено важни во делот на економско - социјалната положба на вработените во образованието и науката.)

2. СОНК и МОН веднаш да ги продолжат преговорите за склучување на Колективен договор за високо образование и наука.

3. Да започнат преговори помеѓу СОНК и МОН за корекција на основната плата во делот на образованието.

4.Министерството за труд и социјална политика и СОНК итно да потпишат Спогодба со која ке се утврди датумот на започнување на примената на Колективниот договор за детска заштита во делот на плати.

- СОНК бара исплатата да започне од септември 2013год со динамика која ќе биде договорена помеѓу потписниците.

- Доколку од објективни причини тоа не е можно , бараме исплатата да по започне во целост од 01-01-2014год.

5. МТСП веднаш да започне со трансформација на работните договори согласно Спогодбата од 2008 год.

6. СОНК и министерството за култура итно да продолжат со преговорите за склучување на нов колективен договор за култура и потпишување на истиот најдоцна до почетокот на септември 2013год.

Преговорите на СОНК со министерот Кралев започнуваат попладнево.

Во врска со активностите и степенот на реализирање на Барањата, Советот на СОНК заклучил најдоцна до крајот на месец мај, да одржи нова седница на која ќе се направи оценка за степенот на реализирање на барањата и врз основа на тоа, доколку има потреба, за преземање на нови мерки согласно законите на Р.М. во делот на синдикалното организирање и делување.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останати вести на денот

Останато од Македонија

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Ноќеска( 25 кон 26 октомври) во три часот по полноќ започнува зимското сметање на времето, така што часовникот ќе се врати еден час наназад и ќе биде 02 часот

прочитај повеќе

Петмина се ранети во тепачка која избила на партиски состанок на ДУИ во Сарај

(Неофицијално) Петмина се ранети, а еден од нив е потешко повреден откако вечерва избила тепачка на партиски состанок на ДУИ кој се одржувал во огранокот во Сарај, дознава НОВА

прочитај повеќе

Одлука за Kежаровски нема да има денес

"Текстовите што ги објавив немаат за цел да откријат сведок. Ниту имав за цел на некому да му наштетам. Тврдам дека не сум виновен и сите информации кои ги изнесов во текстовите се од јавен интерес. Се водев од вистината"- рече Кежаровски пред судиите.

прочитај повеќе

Ќе го донесе ли полицијата сведокот во случајот Ореше пред суд

На поранешниот заштитен сведок Бреза, од случајот платено убиство во Ореше, му се заканува притвор затоа што не се појавува во велешкиот суд на процесот кој се води против него, ниту пак на други две судења во кои е сведок, објави Телма

прочитај повеќе

Хелсиншки Комитет го повика Груевски да го осуди нападот врз ЛГБТИ заедницатa

По вчерашниот напад врз ЛГБТИ заедницата и активистите за човекови права во скопското кафуле „Дамар“, денеска активистите побараа од надлежните да ги пронајдат сторителите и да ги казнат соодветно законските одредби

прочитај повеќе

Средба Груевски-Филе во Брисел

Комесарот ги истакнал пред Груевски забелешките од Извештајот како и ќор-сокакот во кој според Европската комисија се наоѓа Македонија, а ја потенцирал и подготвеноста на ЕК да и асистира на Македонија при демократските реформи

прочитај повеќе

СДСМ: Институциите да делуваат, да не се охрабруваат насилницте

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Старата скопска чаршија во кафулето Дамар; партијата бара итно расчистување на настанот, а сторителите да добијат заслужена казна

прочитај повеќе

HRW до Јашари: Истополовите двојки треба да уживаат исти права како и различните

Human Rights Watch му достави писмо на министерот за правда Аднан Јашари во кое се бара укинување на амандманот XXXIII кој се однесува на уредувањето на бракот и различните форми на животна заедница

прочитај повеќе

Новинарите се собраа во Апелација во знак на солидарност со Кежаровски

Апелациониот суд по разгледување на жалбите ќе одлучи дали ќе ја потврди пресудата на Основниот суд, дали ќе ги укине казните или, пак, ќе го врати предметот на повторно судење.. Новинари од различни редакции се собраа во Судот во знак на поддршка на колегата Кежаровски

прочитај повеќе

Јавна опомена за единаесет функционери за судир на интереси

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска им изрече јавна опомена поради извршување на две функции истовремено и судир на интереси на единаесет лица

прочитај повеќе

За нападот на ЛГБТ заедницата: Густа омраза со нож да ја сечеш

Следно, по улици со бејзбол палки ќе не тепаат. Другари, тоа е тоа право на живот за кое често ме прашувате кој тоа ни го загрозува. Ова е повторно таа ноќ на малите куриња за која пишуваше другарот Беличанец, напиша Биљана Гинова сведок на вчерашното хулиганско беснеење во кафето Дамар

прочитај повеќе

Апелација расправа по жалбата на Кежаровски

Апелациониот суд треба да одлучи дали ќе ја укине затворска казна на која беше осуден Кежаровски и ќе го врати целиот предмет на повторно одлучување, дали ќе ја потврди првостепената пресудата, или пак ќе донесе нова пресуда

прочитај повеќе

Хулигани го нападнаа кафулето „Дамар“ во Старата скопска чаршија

Група хулигани вечерва го нападнаа кафулето „Дамар“ во Старата скопска чаршија каде во моментов се одржува прослава на Хелсиншкиот комитет за човекови права по повод годишнината од формирањето на ЛГБТ центарот. Повредена е една девојка, а оштетен е инвентарот

прочитај повеќе

Албанец од Скопје убиен во Сирија

Според информациите, станува збор за 35 годишен жител на улицата Дижонска, кој поодамна го напуштил Скопје и се борел на страната на џихадистите. Загинатиот скопјанец бил учесник во косовската војна, како и воениот конфликт во Македонија

прочитај повеќе

ДНК - анализата потврдила дека удавената девојка е Дениса

Резулатите од ДНК-анализата кои што им биле доставени на родителите на Дениса Маркоска потврдиле дека се идентични со оние кои беа земени од телото на девојката која што беше пронајдена во водите на Егејското море

прочитај повеќе

ВМРО ДПМНЕ: За разлика од времето на СДСМ, сега сите имаат право на студирање

Според партијата, Владата го направила високото образование достапно за граѓаните повеќе од било кога во минатото, за разлика од владеењето на СДСМ кога правото и можноста за студирање биле „навистина скапи“ а студирањето било достапно само за децата на партиски олигарси

прочитај повеќе

Шилегов: Каде е денеска Груевски пред расипаната 5 милионска патриотска гаража?

Само некој километар понатаму, во мувла и влага “се топат“ над 5 милиони и 600 илјади евра за гаражата кај Судска палата. Тројката Груевски, Ставрески и Тодоровиќ за оваа гаража пресече црвена лента непосредно пред локалните избори, но само година ипол подоцна, погледнете: плафонот прокиснува, ѕидовите се распаѓаат, вели Шилегов

прочитај повеќе

Атанасов: Груевски призна, утнале со факултетите па ќе се вадат со екстерно

СДСМ бара да престанат „експериментите врз младите луѓе“, и велат за неколку факултети, што според власта не ги задоволуваат академските стандарди, недозвиливо е да се жртвува иднината на илјадници студенти

прочитај повеќе

Една година од задушениот новинарски протест за ослободување на Кежаровски

Со положување на цвеќе на плоштадот „Карпошово востание“ во близина на Музејот на македонската борба за државност и самостојност новинарите го одбележаа настанот на кој минатата година, за првпат во независна Македонија, од кордон специјални полициски сили беше забрането движењето на новинарите кон зградата на Музејот

прочитај повеќе

Иванов и Груевски го честитаат 23 Октомври

Таквиот аманет го носиме и ние денес, нашата борба е економски развој, воспоставување на систем на вредности и принципи кои се во функција на развојот. Она што ќе го изградиме денес, тоа ќе го оставиме во наследство да го надоградуваат и развиваат нашите деца, нашите внуци и сите идни потомци

прочитај повеќе