28-01-2015 

Поголем број на болни гласаа во вториот круг на изборите

од НОВА | објавено на: 06-04-2013 20:58:26

Со голем пораст на бројот на болни и изнемоштени лица во однос на првиот круг од пред две недели, денеска од 7 до 19 часот се одвиваше гласањето на лицата што се пријавиле како болни и изнемоштени, па избирачките одбори доаѓаа во нивните домови.

Иако во вториот круг ќе гласаат многу помалку избирачи, сепак бројот на пријавените за гласање дома е поголем отколку во првиот круг во многу од општините.

Пред вториот круг од локалните избори во Македонија, денеска гласаа затворениците, болните, изнемоштените и раселените. Право на глас имаа околу 1.000 затвореници и 73 раселени лица.

Изборниот процес почна во седум часот и се одвивал без проблеми. Во затворот Идризово за 29. општини и град Скопје право на глас имаа 604 осуденици – само половината од околу 1.200 затвореници колку што издржуваат казна во затворот.

Зголемен број на болни и изнемоштени лица е пријавен во Источна Македонија, односно во Кочани, Делчево, Берово и Чешиново и Облешево.

Повеќе болни и немоќни гласачи имало и во Битола. Се пријавиле 206 лица, што е за 44 повеќе во однос на првиот круг.

Во Могила се пријавило 91 лице, во споредба со 55 гласачи од првиот круг, а во Ресен вкупниот број на болни и изнемоштени изнесува 300 лица, а во градот има 16.000 граѓани со право на глас.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останати вести на денот

Останато од Македонија

СДСМ: како се потрошиле 1 милион евра за патни трошоци на пратениците?

СДСМ бара од Груевски лично да одговори на прашањата како пратеникот Драги Цуклев земал дури 25 илјади евра за патни трошоци, како Силвана Бонева зела 23 илјади евра пари од граѓаните по основ патни трошоци, како Антонио Милошоски, кој има стан во Скопје, имал потреба од дополнителни 6.500 евра за патни трошоци?

прочитај повеќе

Кежаровски избран за потпретседател на ЗНМ

Управниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија на последната седница одржана на 26 јануари 2015, едногласно го избра за потпретседател на ЗНМ новинарот Томислав Кежаровски

прочитај повеќе

„Кој е крив што градот ни е сив“ - во недела марш против загадувањето во Скопје

Еколошката организација Go Green најави протестен марш против загадувањето на воздухот во Скопје, кој ќе се одржи на 1 февруари (недела), под мотото „Кој е крив што градот ни е сив“

прочитај повеќе

Ромер: Македонија е единствена земја во Европа каде се носат штрајкбрехери

Никаде во Европа не се носат штрајкбрехери во училиштата и не се казнуваат наставниците на начин, како што тоа се прави во Македонија. Ако штрајкувате, штрајкувате и Владата мора да го почитува тоа, истакна Мартин Ромер, претседател на Европскиот синдикат на денешната прес – конференција одржана заедно со раководството на СОНК

прочитај повеќе

Штрајкуваат македонските и албанските наставници во ОУ „26 Јули“ во Шуто Оризари

Штрајкот на СОНК го подржуваат македонските и албанските наставници, а директорот на училиштето, Халит Сејди во телефонски разговор за НОВА изјави дека наставниците се во генерален штрајк

прочитај повеќе

12 македонски државјани се борат на страната на ИСИЛ во Сирија и во Ирак

Дванаесет македонски државјани се борат во Сирија и во Ирак на страната на екстремните сунитски воени организации како ултрарадикалната Исламска држава (ИСИЛ)

прочитај повеќе

Штрајк на просветарите: Професорите од тетовско одбиваат да спроведат екстерно

Членството на Синдикатот за образование и наука од Тетово и утринава одбија да го спроведат екстерното тестирање. Во тетовската гимназија која брои 3.000 ученици тестирањето се спроведе само кај 300 ученици, кои следат настава на македонски наставен јазик

прочитај повеќе

Дали Ципрас ќе се заложи за решавање на спорот со името?

Зборувајќи во Белград Ципрас неодамна рече дека Грција “мора да ги убеди своите соседи дека со провокации и нарушување на меѓународното право нема да има позитивен резултат”. И додаде дека Македонија “продолжува да ги одбива сериозните напори за да се најде решение за спорот со името”.

прочитај повеќе

МОН до матурантите: Без оценки од екстерното, сведителствата ќе бидат невалидни

Министерството за образование и наука ги повика матурантите да не го бојкотираат екстерното тестирање и да се вклучат во процесот за кој како што велат од министерството единствена цел е подигнување на знаењето на учениците како и подигнување на објективноста при оценување на наставниците

прочитај повеќе

Советниците на СДСМ бараат Универзална да се именува во Тоше Проески

Советникот во град Скопје, Ѓорѓе Матевски вели Тоше Проески со својот лик, музички и хумани постигнувања ги обединува сите граѓани, и затоа за нив е неприфатливо внатрешна сала да го носи неговото име, туку соодветно е целокупниот објект да биде именуван Тоше Проески

прочитај повеќе

Државен испитен центар: Матурантите ги тестираат обучените наставници

Државниот испитен центар ги квалификува како апсолутно невистинити, натписите во дел од медиумите според кои процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, го реализираат заменски наставници и тестатори

прочитај повеќе

Штрајкот на СОНК продолжува, матурантите ги тестираат заменски наставници

Наставниците во повеќе региони ширум земјава утрово пристигнале во училиштата, но наместо да држат часови, работното време го поминуваат во просторијата за штрајкување, додека заменски наставници го спроведуваат најавеното екстерно тестирање за матурантите

прочитај повеќе

„Солидарност“: Победата на СИРИЗА отвара нов простор за сите левичарски партии

Движењето Солидарост е наведено на листата на поддржувачи веб страната на Сириза под уставно име

прочитај повеќе

Се формира Средношколски Пленум

По примерот на студентите, средношколците во Македонија подготвуваат основање на Средношколски пленум.Средношколците истакнуваат дека ќе се сплотат против реформите кои од нив направиле експериментални глувци. Ги повикаа сите врсници да се изјаснат гласно, бидејќи, како што велат, тишината не е решение

прочитај повеќе

Извештај од мониторинг на квалитетот на дебатата во Собранието во декември

Пратениците во поголем дел од дискусиите при образложувањето на своите позиции користеле два и повеќе аргументи. Притоа, споредено со претходните месеци се зголемил процентот на дискусии со еден аргумент, а се намалил бројот на дискусии во кои не се изнесени аргументи

прочитај повеќе

СОУ „Перо Наков”: Зошто инсистирате на реформски зафати кои не даваат ефекти?

Синдикалната организација на СОУ „Перо Наков” од Куманово излезе со отворено писмо до јавноста за штрајкот на СОНК, зад кој застануваат целосно, образложувајќи ги причините за овој став

прочитај повеќе

Сириза официјално не носи ништо ново во однос на проблемот со името

Според познавачите на приликите во Грција сепак Сириза се очекува да покажа поголема подготвеност за разговори околу овој проблем за разлика од десничарите кои делуваа под влијание на црквата

прочитај повеќе

Отворено писмо до граѓаните од вработените во ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово

Сведоци сме на игнорирање од најголемиот дел од медиумите за штрајкот на просветните работници (од познати причини) и со ова отворено писмо сакаме на јавноста да ги објасниме вистинските причини за единствената законска можност да го свртиме вниманието на одговорните институции во земјата, се вели во писмото

прочитај повеќе

Манчевски:Скопје 2014 продолжува и во 2015, Трајановски ќе троши 46 милиони евра

- Проектот „Скопје 2014“ не заврши во 2014 година, а бунарот без дно продолжува и во 2015 година. Авторот истиот, Никола Груевски, а различен е само извршителот. Овој пат тоа е Коце Трајановски, посочи денеска на прес конференција, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски

прочитај повеќе

Реакција на Министерството за социјала на текст на НОВА

Министерството за труд и социјала реагира на текстот со наслов„Министерството потфрли, не ја исплати социјалната помош како што вети“, бидејќи смета дека ја дезинформира јавноста. Од таму велат дека исплатата се одвивa тековно и редовно. Сепак, граѓаните се уште не ги добиле парите

прочитај повеќе