02-09-2015 

Полицијата во цензорска акција - втор дел!

од Борјан Јовановски, НОВА | објавено на: 13-09-2013 15:46:44

НОВА вчера се обрати до Здружението на новинарите на Македонија со информација за немилиот настан кога полицијата ја принуди нашата екипа да го избрише видео материјалот снимен пред паркот кај Бристол.

Воедно за овој настан изготвивме и анализа.

>>АНАЛИЗА: Полицијата во цензорска акци

ЗНМ повратно не информираше дека се обратиле во МВР со барање за појаснување на околностите под кој се случило полицијата да бара ТВ екипа да го избрише снимениот материјал и дека од таму добиле одговор потпишан од портпаролот на ова министерство, Иво Котевски. Во одговорот Котевски вели:

„МВР постапувало и ќе постапува согласно „Упатсвото за комуникација со јавноста“ изготвено јули 2007 година, кое беше изработено во соработка со ОБСЕ и Амбасадата на Кралството Велика Британија, опфаќајќи ги најдобрите меѓународни стандарди и практики.

- Впрочем Членот 14 вели дека „Во одредени случаи Полицијата има право да го контролира пристапот на медиумите на определен простор, односно определено подрачје. Доколку околностите на ситуацијата тоа го налагаат, Полицијата може да забрани пристап на медиумите на определен простор, односно определено подрачје“ се вели во одговорот на Котевски упатен до ЗНМ.

Не сме информирани дали ЗНМ побарало дополнително објаснување но она што го знаеме е дека случајно или намерно портпаролот Котевски повикувајќи се на Упатството за комуникации со јавноста на полицијата заборавил да го допише членот 14 од истото тоа Упатство во кое точно се укажува во кои случаи може да се ограничи и забрани пристап на медиумите.

Ако заборавил, еве да го потсетиме што се вели во овој член од упатството:

Доколку околностите на ситуацијата тоа го налагаат, Полицијата може да забрани пристап на медиумите на определен простор, односно определено подрачје, и тоа:

- простор обележан со полициска лента на местото на извршување на кривично дело;
- локации на пожари од поголеми размери, природни катастрофи и елементарни непогоди;
- посети на делегации;
- јавни настани за кои се неопходни зајакнати мерки за безбедност и
- други ситуации кои може да го загрозат текот на истрагата, односно јавната безбедност.

Со оглед на тоа дека екипата на НОВА не била на локација пропишана со овој член уште еднаш јавно го поставуваме прашањето зошто ни беше наложено да го избришеме снимениот материјал.

И најважното од убаво изработеното Упатство на кое се повикува Котесвки - Член 20:

Полицијата не смее да одземе професионална опрема или материјали на новинарите, доколку за тоа не биде обезбеден судски налог, односно доколку не постои основано сомневање за повреда на законски прописи од страна на новинарите.

Котевски својот одговор до ЗНМ го завршува вака:

Се надеваме дека наводите за „немил настан“ не се обид за злонамерна манипулација, бидејќи ќе повториме дека до Секторот за односи со јавност не стигнало никакво барање за снимање на локацијата на која што полицијата утринава согласно законските прописи и ингеренции пружаше асистенција и ја обезбедува истата додека не се создадат условите корисникот на земјиштето да ги оствари своите законски права, вели Котевски.

За немил настан во наводници и манипулација, немаме коментари. Но за барањето за снимање имаме прашање:

Дали ТВ екипите треба секојдневно да доставуваат барања за снимање низ градот со оглед на тоа што полицајците ги има на секаде!?


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останато од Македонија

Сопствениците на МПМ велат дека ги намалуваат платите за да нема отпуштања

Компаниите МПМ и Графички Центар Скопје има 550 редовно вработени луѓе и заштитувајќи го нивното работно место, како не би имало отпуштања, донесе времена одлука со траење од 6 месеци да ги намали скалесто платите за 10% - 20% -30% само на стотина вработени кои ја чинат компанијата од 20 000 мкд до 500 000 мкд месечно по вработен, се вели во реакцијата

прочитај повеќе

Груевски и Јанакиески на распит во Обвинителство за плацовите на Водно

Тие, во текот на вчерашниот ден биле распрашувани од обвинителот Мартин Митрески, кој работел на овој предмет

прочитај повеќе

Средношколскиот Пленум најави засилени активности и оваа учебна година

Одложувањето на реформите е одложување на проблемите во образованието. Вака членовите на Средношколскиот Пленум ја коментираат изјавата на премиерот Никола Груевски со која тој соопшти дека реформите во образованието ќе паузираат до септември 2016 година

прочитај повеќе

Груевски и министрите побараа, судот забрани користење на „бомбите“ како доказ

На овој начин, доколку решението стане правосилно, пропаѓа целиот политички договор од Пржино кој требаше да значи избор на Специјален јавен обвинител и водење на постапки врз основа на индициите содржани во прислушуваните материјали што ги обелодени опозициската СДСМ.

прочитај повеќе

Судот ги отфрли доказите за прислушувањето како неосновани

Основниот суд Скопје еден ги отфрли како неосновани сите докази во предметот прислушување против Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и други лица затао што, според судот, доказите биле незаконито прибавени и не можат да бидат предмет на истрага

прочитај повеќе

Министерство за здравство:Дежурствата ќе бидат активирани кога ќе треба

„ Подготвени се протоколи за постапување во различни околности и тенденцијата е да се користат сите ресурси кои се на располагање во здравствениот систем. Токму затоа, во зависност од потребите може да бидат вклучени и матичните доктори, со цел навремено обезбедување на потребната медицинска помош“, велат за НОВА од Министерството за здравство

прочитај повеќе

Тројно е зголемен бројот на жени и деца бегалци кои поминуваат низ Македонија

Околу 3.000 луѓе секојдневно транзитираат низ земјата. Една третина од нив се жени и деца, што е голем пораст од 10-те проценти во јуни. Околу 12 отсто од жените се бремени“, соопштуваат од седиштето на УНИЦЕФ во Женева

прочитај повеќе

ФЗОМ контра петицијата на лекарите да не дежураат за мигрантите

Лекарите без разлика дали се приватни или работат во јавно здравство должни се да го почитуваат распоредот за дежурства бидејќи е прогласена кризна состојба на границата кај Гевгелија. Не постои акт со кој Фондот има наложено дежурства на матични лекари на граничниот премин кај Гевгелија, туку станува збор за превентивен распоред на дежурства

прочитај повеќе

Новинарите од МПМ протестираа поради намалувањето на платите

Вработените во „Дневник“, „Вест“ и „Утрински“, како и на магазините „Теа Модерна“ и „Македонски спорт“ денеска излегоа на протест откако раководството на Медиа принт Македонија им соопштило дека скалесто ќе бидат намалени нивните плати

прочитај повеќе

Заев: Ако не се избере обвинител до 15 септември, договорот ќе биде невалиден

Заев вели дека работната група е во фаза на изменување и дополнување на законот за Јавното Обвинителство, бидејќи без претходно утврдени законски решенија, не може да се разгледува опцијата кој би бил специјалниот јавен обвинител

прочитај повеќе

ДОМ: Поповска дејствува самостојно, никогаш не била дел од составот на ДПМНЕ

ДОМ го поздравува враќањето на коалицијата на СДСМ во Парламентот, и сметаат дека само со комплетен Парламент може на мирен начин да се излезе од политичката криза

прочитај повеќе

(ФОТО) Родители згрозени од условите за учениците во „Вера Јоциќ“

Опожарен и непоправен кров, распаднати ѕидови, шахти среде ходници и часови по физичко во ходник, ова се условите кои ги дочекаа основците на стартот на учебната година во „Вера Јоциќ“ од населбата Хиподром

прочитај повеќе

Димовски: Не се плашиме од специјален обвинител (ОБНОВЕНО)

- Не се плашиме од специјалниот јавен обвинител, во оваа држава многумина сме ги виделе на дело и тие треба да бидат исплашени од институциите, порача Илија Димовски на денешната прес-конференција

прочитај повеќе

ССНМ целосно игнориран кога МПМ носел одлукa за намалување на плати

Менаџментот на Медија принт Македонија донесе одлука за скалесто намалување на платите на вработените што стартува од први септември поради како што тврдат влошената економска состојба во државава

прочитај повеќе

Средношколците организираат собир пред МОН во 18 часот: Се враќаме похрабри!

Членовите на Средношколскиот Пленум упатуваат повик до сите граѓани за јавен собир во паркот на новинарите наспроти министерството за образование денеска во 18 часот

прочитај повеќе

Павле Трајанов стана независен пратеник

Павле Трајанов, пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, во Собранието ќе дејствува како независен пратеник

прочитај повеќе

Опозицијата денеска се враќа во Собранието

Опозициските пратеници од коалицијата предводена од СДСМ денеска се враќаат во Парламентот, како дел од договорот од Пржино за надминување на политичата криза

прочитај повеќе

Петиција на лекари од 4 општини: Одбиваат да ги лечат бегалците

Причина било што амбулантата е неопремена со потребни апарати, санитетски материјал и лекови, а немало и заштитини средства за нивно лекување, со оглед дека не ја знаеле здравствената состојба на бегалците

прочитај повеќе

Герет: Граѓаните да бараат поголема транспарентност од институциите

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Герет вели граѓаните може да помогнат да се исполнат препораките од извештајот на Прибе, така што ќе бараат повисоки стандарди од сите политичари, министерствата и други институции

прочитај повеќе

Град Скопје ја одобри изградбата на Шпанските скали

Со 24 гласа „за“ и 10 „против“, советниците на Град Скопје на денешната седница дадоа согласност и право на градење на Шпанските скали на Плоштад Македонија

прочитај повеќе