23-07-2014 

Бесплатни автобуси, револтирани генерации

од НОВА | објавено на: 16-04-2013 18:57:37

Ваквите расправии станаа честа појава во скопските автобуси. Откако пензионерите добија бесплатен автобуски превоз, излегоа на виделина револтот и потиснатите емоции, и кај нив и кај младите.

Едните револтирани од односот на новата генерација, другите пак гневни на системот кој се чини многу повеќе вложува во возрасните, наместо во идните носители на општествените промени. За да биде состојбата уште поалармантна, ако некогаш тепачките по автобуси беа „резервирани“ за младите бунтовници, сега тие се сведоци на се почести пресметки меѓу самите пензионерите, и тоа не само вербални .

Високиот праг на толеранцијата, која отсекогаш бил одлика на македонските граѓани, полека се намалува, вели социологот Татјана Стојановска Иванова.

Најстрашно е во вторник и во петок, тогаш гужвите се најстрашни. Генерацискиот јаз станува се подлабок, размислувањата спротивставени. Пензионерите се задоволни што владата вложува во нив, од бесплатното бањско лекување, посетите на музеи и театарски претстави, па се до автобускиот превоз.

Младите пак имаат чувство дека се маргинализирани, посебно студентите.

Дека има реален проблем, потврдува и професорката Стојановска Иванова. Посебно во вторник и петок кога студентите доаѓаат на предавања, веќе уморни од гужвата, споделените рецепти и прекорувања од возрасните.

И додека пензионерите веруваат дека сториле доволно во својот живот и сега треба да уживаат во него, па макар и со користење на бесплатниот автобус, револтот кај младите станува посилен. Вчера беше објавен нов повик со кој 10 000 пензионери добиваат бањско-климатска рекреација. Ја плаќа државата. За бесплатниот превоз на возрасни лица во вторник и петок, од буџетот на Град Скопје беа одвоени 25 милиони денари. Дополнителни 10 милиони беа дадени и за слободниот превоз во сабота.

Истовремено, студентските стипендии редовно доцнат, над 50% од младите се невработени, а студентите сами си плаќаат и за автобускиот превоз, независно од тоа кој ден се возат со ЈСП.

Автор: Јасмина Јакимова


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на НОВА.

Останато од Граѓани

Заев: Нема да дозволиме да ја кутнат Македонија

Претседaтелот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше на средби со граѓаните на Кочилари, Виничани, Ногаевци и Водоврати

прочитај повеќе

Хуманитарната акција за 11-годишниот Димитар Несторовски

Живко Поповски – Цветин донира околу 50-тина слики во поддршка на хуманитарната акција за 11-годишниот Димитар Несторовски, кој боледува од прогресивна мускулна дистрофија

прочитај повеќе

Помош за лекување на мајката на актерот и активист Петар Стојковиќ

Актерот и активист за човекови права Петар Стојковиќ на својот Фејсбук профил се обрати до сите хумани граѓани кои се во можност да помогнат, да го сторат тоа. Станува збор за лекување на неговата шеесет и двегодишна мајка

прочитај повеќе

ЛГБТИ Центарот заедно со Хелсиншкиот на нова локација во Дебар Маало

ЛГБТИ Центарот за поддршка заедно со Хелсиншкиот Комитет за човекови права се преместени на нова локација, посилни и уште повеќе посветени на менувањето на социјалниот и правниот статус на ЛГБТИ луѓето во нашето општество

прочитај повеќе

Младите во Македонија имаат што да кажат, но кој ги есапи?

Според последното истражување, 79% од студентите никогаш не гласале на студентски избори. За 51% членувањето во студентска организација е можност за запознавање нови луѓе. Најголемите лоцирани проблеми се носењето одлуки без консултации со студентите кои ги претставуваат

прочитај повеќе

Хуманост: Да му помогнеме сите заедно на Томче Костадиноски

Tомче Костадиноски боледува од Душенова мускулна атрофија, а болеста му била дијагностицирана кога тој имал околу 6 години. Апел за помош на 14 годишниот Томче. Да бидеме хумани!

прочитај повеќе

НОВА БАРА НОВИНАРИ - ДОПИСНИЦИ

Редакциите на порталите НОВА и Алмакос (албански јазик) имаат потреба од новинари – соработници од цела Македонија кои ќе бидат ангажирани во период од 12 месеци за известувања за актуелности, како и истражувања во сферата на локалната самоуправа

прочитај повеќе

MOФ и Метаморфозис: Конференција е-Општество „Млади и медиуми“

Младински образовен форум (МОФ) и Метаморфозис ви ја најавуваат деветата конференција е-Општество „Млади и медиуми“ ќе се одржи на 7 и 8 февруари 2014 година, во Младинскиот културен центар во Скопје, Македонија

прочитај повеќе

„Анима Мунди“ бараат видео-записи од ЗОО Скопје за утврдување на смртта на Орка

Здружението „Анима Мунди“ бара официјална потврда од актуелната директорка на ЗОО Скопје, Татјана Стаменов да се спроведи и независна истрага за смртта на жирафата

прочитај повеќе

Продолжуваат протестите „СТОП на канцерогеното загадување на Тетово“

Организациониот одбор на протестите „СТОП на канцерогеното загадување на Тетово“ утре во 11:55 часот ќе го блокира патот кај кружниот тек на влезот на Тетово изразувајќи револт на мирен начин поради неисполнување на нивните барања од Владатa

прочитај повеќе

Отворен повик од Британска амбасада за привремен работен престој во В.Британија

Повикот е наменет за медиумските работници, активистите за човекови права и социјални работници, истражувачи или аналитичари кои веруваат дека ќе имаат бенефит од работењето во институциите во Британија

прочитај повеќе

Писмо до министерот Адеми: „Преземете мерки или ќе сносите одговорност“

Организациониот одбор на протестите „СТОП на канцерогеното загадување на Тетово“, испрати отворено писмо до министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми

прочитај повеќе

Отворени образовни ресурси во Македонија

Отворените образовни ресурси (ООР) се дигитализирани материјали кои се понудени за слободна употреба од страна на образовниот кадар, студентите и самоуките поединци или групи, за настава, учење и истражувања

прочитај повеќе

Промоција на документарниот филм за кучето – херој Жиле

Жиле е кучето кое во февруари годинава на Попова Шапка настрада од куршум, кој несовесен граѓанин го испука во неговиот рбет и го остави парализиран. По 7 месечна борба за негов спас, Жиле го најде својот дом во Пенсилванија, САД

прочитај повеќе

ЕКО ЛОГИК: Централното гратско подрачје да стане пешачка зона

- Не оцрнуваме и не браниме ни власт ни опозиција...сакаме сите тие да преземат конкретни мерки...да се пресече за некои ситуации и да се намали употребата на возила преку дестимулациони мерки за возачите, и стимулациони мерки за пешачење, вели за НОВА, Никола Нешкоски од ЕКО ЛОГИК

прочитај повеќе

Јавна молба од ЕКО ЛОГИК: Сограѓани, дајте да ни проработи свеста

„Тие што работното место им е во близина, пешачете, на тие што не ви е ладно возете велосипед, а останатите качете се во јавните автобуси, нема ништо лошо, а ни срамно во тоа. Не сте помалку вредна личност ако немате или не користите кола секој ден...“, се вели во молбата

прочитај повеќе

Никола Маџиров меѓу 562 писатели на петицијата против интернет надзорот

Поетот Никола Маџиров е претставник од Македонија, како потписник и дел од 562 автори- потписници на петицијата за крај на интернет надзорот на владите и приватните корпорации. Петицијата ја потпиша и претседателот на ПЕН, Ристо Лазаров

прочитај повеќе

„Писателите против масовноното надгледување“

Еднодушно и безрезервно Управниот одбор на Македонскиот ПЕН центар ја поддржува иницијативата на 580 писатели, објавена на Берлинскиот литературен фестивал, против масовното надгледување и повикот до ОН да креираат закон за дигиталните права

прочитај повеќе

Контрапункт: Мала школа за антифашизмот - медиумите и отпорот

Настан на Контрапункт: Мала школа за антифашизмот - медиумите и отпорот, којшто ќе се отвори на 13 декември 2013 година, во 19:00 часот, во просториите на НГ Мала Станица, Скопје

прочитај повеќе

Граѓански активизам: Искра Гешоска во акција- со плакати против состојбите

Претседателката на невладините Контрапункт и Јадро, Искра Гешоска, синоќа, во акција со Елена Вељановска од Контрапункт, протестирајќи изведоа граѓанска акција со која го изразија протестот за состојбите во земјата, кои според нивното гледиште, наликуваат на елементите на фашизмот, на она што денеска наликува државата

прочитај повеќе